Background

Прв пораз за Охриѓани: Пелистер го совлада ГФК Охрид Лихнидос со 1:0, а во четврток следува пресуден натпревар во Радовиш

 ГФК Охрид Лихнидос го претрпе првиот пораз во сезоната, откако во Новаци го загуби натпреварот од Пелистер со 1:0. Охриѓани дотогаш имаа серија од четири победи во четири натпревари.

——————————————————————————————————————————————————————————

ГФК Охрид Лихнидос го доживеа првиот пораз во годинешното првенство. Битолчани, кои го одиграа натпреварот во Новаци, беа подобри за еден гол и на Охриѓани им го нанесоа првиот пораз по серијата од четири победи во четири одиграни кола.

- Advertisement -
Ad image

Пред да продолжиме, еден момент за непознавачите на фудбалот,а посебно посветен на Претседателот на ФК Охрид Лихнидос, Гоце Толески: не постои „минимален“ пораз. Пораз е пораз, без разлика дали е 1:0 или 5:0, и тој никогаш не е добар. Три бода не се освоени, а тоа на крајот од првенството може да биде пресудно.

Дополнителна горчина е тоа што Охриѓани на истиот терен во Новаци веќе изгубија и од ФК Новаци во Купот на Македонија. Значи, теренот во Новаци засега не им носи среќа, а двата пораза на ист стадион во кус временски период не смеат да поминат без анализа во клубот.

Не останува многу време за жалење. Следниот натпревар ГФК Охрид Лихнидос, како претставник од Македонската втора фудбалска лига, го игра во Радовиш против ФК Детонит, во четврток. Тој дуел е исклучително важен за Охриѓани.

Доколку Охрид Лихнидос не го добие натпреварот против Детонит, шансите за пласман во Првата македонска фудбалска лига ќе бидат сведени на „статистичка“ грешка. Токму затоа во Радовиш нема место за калкулации: единствениот прифатлив резултат се три бода.

Навивачите очекуваат реакција, борбеност и подобра игра од тимот, бидејќи амбицијата за влез во највисокиот ранг не се гради со порази, туку со континуитет. Првиот пораз во сезоната мора да биде опомена, а не почеток на пад.

С.Д.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation