Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, почна од почеток поради промена на составот на судечкиот совет.
Како што информира Кривичниот судот, еден од поротниците информирал дека поради здравствени причини, еден месец и повеќе нема да може да учествува на судењата, а вториот најавил дека поради други ангажмани, нема да учествува повеќе како поротник на судските процеси.
Судењето го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
Обвинителството, како што информира јавната обвинителка Андонова, останува целосно на обвинението.
Обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, Марија Маневска, Томе Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлум Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Маријан Радевски повторно пред судот се произнесоа по однос на разбирање на обвинението и изјавија дека остануваат на претходно изнесеното непризнавање вина.
Судот информира дека се преземаат сите досега изведени материјални докази и сослушани сведоци и се продолжува со сослушување сведоци на Обвинителството.
Според обвинението, полициските службеници, кои биле дежурни, истовремено биле ангажирани и во дискотеката, но не ја прекинале забавата, ниту спречиле да се користи пиротехниката на концертот на ДНК.
Во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, 222 беа повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
