Ватикан за првпат во историјата на доделувањето на Оскарите ќе пријави филм во конкуренција за престижната награда на Американската академија за филмски уметности и науки.
Како што пишува магазинот „Варајети“, „Зелена лава“ („Green Lava“) е инспиративен краткометражен документарен филм во продукција на Ватикан, чиј протагонист е младиот Италијанец Џакомо Матви, кој живее со Душенова мускулна дистрофија – ретка наследна генетска болест која постепено ги оштетува мускулните влакна и предизвикува сè поголема мускулна слабост.
Филмот премиерно ќе биде прикажан оваа недела во Лос Анџелес, со што ќе започне процесот за негово пријавување за разгледување во категоријата за најдобар краткометражен документарен филм.
„Зелена лава“ ќе биде прикажан од 18 до 24 септември во киното „Лумиер мјузик хол“ на Беверли Хилс. По кино-дистрибуцијата, продукцискиот тим ќе ја комплетира потребната документација за филмот да биде пријавен за разгледување за Оскар, наведува публицистот на филмот.
Доколку пријавата биде поднесена, тоа ќе биде првпат филм продуциран од Ватикан да се најде во конкуренција за Оскар. Сепак, филмот формално нема да го претставува Ватикан во трката за наградата. За разлика од категоријата за најдобар меѓународен долгометражен филм, краткометражните филмови не бараат официјална пријава или поддршка од национална влада или посебно државно филмско тело.
„Зелена лава“, во режија на Лија Белтрами и Али Аксу, го следи Џакомо „додека се соочува со животот без неговиот брат Матија, кој неодамна починал од последиците на Душеновата мускулна дистрофија“, се наведува во синопсисот на филмот.
Филмот трае 39 минути, а приказната е сместена во импресивниот планински пејзаж на Доломитите. Во промотивните материјали е опишан како „трогателна медитација за независноста, човечкиот дух и моќта на заедницата во соочувањето со животните тешкотии“.
Приказната на Џакомо заслужува да биде позната на сите и затоа нè радува можноста да ја вклучиме „Зелена лава“ во процесот за пријавување за Оскар – изјави Паоло Руфини, префект на Дикастериумот за комуникации на Ватикан.
Станува збор за службата што управува со ватиканските телевизиски, радио, интернет, издавачки и новинарски медиуми.
Руфини го пофали филмот како „приказна што го слави животот и пријателството“, истакнувајќи дека тој „нè учи за богатството што животот на луѓето обележани со болест може да го сведочи и да им го понуди на другите, како и за виталноста што можат да ја внесат во односите со луѓето околу себе“.
„Зелена лава“ го продуцираше компанијата „Емоушнс ту џенерејт чејнџ“, на режисерката и продуцентка Лија Белтрами, во соработка со „Ватикан њуз“, „Радио Ватикана“ и „Ватикан медија“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
