До крајот на годината ќе биде донесена националната стратегија за вештачка интелигенција, најави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Андоновски најави дека утре во Министерството за дигитална трансформација ќе се одржи состанок на работната група по што драфт-верзијата на стратегијата ќе биде ставена на ЕНЕР и ќе бидат организирани неколку јавни дебати.
– Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме. Една од активностите на стратегијата размислуваме да биде донесување закон за употреба на вештачката интелигенција. Значи, не регулирање на производството или на создавањето вештачка интелигенција, туку повеќе кон правилното етичко и принципиелно користење на вештачката интелигенција – рече министерот Андоновски.
Во врска со изградбата на националниот дата центар, Андоновски рече дека веќе се во тек разговори со потенцијални финансиери на проектот, а во Министерството за транспорт се разговара за утврдување на потребната процедура за употреба на локацијата кај Бунарџик.
– Локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони. Тоа е државно земјиште што не се употребува за земјоделство или за нешто друго, така што овој простор ќе го искористиме. Во близина веќе се изградени фотонапонски централи. Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе се искористи за центарот за податоци – изјави Андоновски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
