Илијана Јотова го победи Андреј Ѓуров и ќе биде следната претседателка на Бугарија, покажуваат првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори, кои исто како и првиот круг ги одбележа ниска излезност.
Податоците од сите агенции за испитување на јавното мислење покажуваат водство на кандидатите Илијана Јотова и Кирил Валчев пред Андреј Ѓуров и Георги Кандев.
Според паралелното пребројувањето на гласовите спроведено од „Маркет линкс“, Јотова победи со 57,4% наспроти 39,6% за Ѓуров. Излезноста изнесуваше 29,1%.
„Алфа рисрч“ објави дека Јотова освоила 57,1%, а Ѓуров добил 39,3%.
И податоците од „Тренд“, покажуваат победа на Јотова со 58,1% од гласовите, наспроти 38,9% за Ѓуров.
Според паралелното пребројување спроведено од „Галуп“, Илијана Јотова води со повеќе од 16%. За кандидатите Илијана Јотова и Кирил Валчев гласале 56,1%, додека за Андреј Ѓуров и Георги Кандев гласале 39,9%.
Одѕивот на на денешниот втор круг од изборите, според агенциите за испитување на јавното мислење, е околу 30 отсто.
Бугарските граѓани денеска, на вториот круг од претседателските избори, одлучуваа меѓу кандидатските двојки Илијана Јотова – Кирил Валчев и Андреј Ѓуров – Георги Кандев. По првиот круг, во кој ниту една од вкупно 27 кандидатски двојки не освои доволно гласови за победа, претседателската трка се сведе на двајцата кандидати со најголема поддршка.
Првиот круг, одржан на 25 октомври, помина со исклучително низок одѕив. Од вкупно 6,6 милиони граѓани со право на глас, на избирачките места излегоа 1.525.034 гласачи, односно 22,98 проценти. Јотова и Валчев освоија 34,76 отсто од гласовите, додека Ѓуров и Кандев добија 31,95 проценти, со разлика од 42.700 гласови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
