Едмонт Темелко, поранешен градоначалник на Општина Пустец, а денес главен референт во подрачното министерство за земјоделие во Ресен, повторно се најде во центарот на јавен интерес. Темелко е предвиден да ја преземе функцијата конзул на Република Северна Македонија во Албанија, а неговото име веќе беше поврзано со изборните нерегуларности од 2017 година, кога беше уапсен поради манипулација со гласови на жители на Пустец во изборните процеси во Македонија.
Според информации до кои дојде нашата редакција, пред неколку дена во атарот на село Долно Дупени, во близина на Ресен, се случил сексуален инцидент за кој е поднесена пријава во Полициска станица Ресен. Според наводите, Темелко пријавил загрозување на сигурноста, додека од друга страна постојат тврдења дека настанот бил поинаку опишан од лицата вклучени во него,со цел да се сокрие швалерската афера. Подетални информации за околностите на инцидентот, вклучително и идентитетот на другите вклучени лица, не се предмет на овој текст, бидејќи станува збор за приватна работа која не претставува јавен интерес сама по себе.
Јавен интерес, сепак, претставува прашањето дали овој настан ќе влијае врз номинацијата на Темелко за конзулска функција, и дали Владата и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имаат информации за инцидентот пред конечната одлука.
Нашата редакција се обиде да добие изјава од Едмонт Темелко, но тој не одговори на повеќе телефонски повици до објавувањето на текстот. Доколку добиеме одговор, текстот ќе биде дополнет.
Од СВР Битола, во чија надлежност спаѓа ОВР Ресен, до моментот на објавата немаше официјално известување за настанот. Нашата редакција испрати барање за појаснување до СВР Битола и ПС Ресен зошто настанот не е вклучен во дневниот билтен на настани, но до објавата на тесктот немаме добиено одговор. Текстот ќе биде ажуриран доколку добиеме реакција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
