До уредникот на Охридскај ,на негов приватен телефон пристигна демант на објавен текст:„Темелко, кандидат за конзул во Албанија, во нова љубовна афера во Ресен“.Реадкцијата ќе одговори и ќе го обајви во целост демантот на Едмонд Темелко.
Редакцијатасогласно закон го објавува Демантот во целост како што го доби по Вајбер:
Демент:„ДО:
Редакција на интернет порталот „Ohrid Sky“
ПРЕДМЕТ:
Службено барање за објава на ДЕМАНТ и демантирање на неточни и клеветнички наводи објавени во текстот со наслов: „Темелко, кандидат за конзул во Албанија, во нова љубовна афера во Ресен“
Врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Кодексот на новинарите на Македонија, ви го доставувам следниот:
Д Е М А Н Т
Со овој демант најостро ги демантирам и отфрлам сите изнесени невистини, шпекулации и дезинформации објавени во горенаведениот текст на вашиот портал, кои имаат за цел директно нарушување на мојот личен и професионален интегритет.
Барам во целост да ги објавите следниве факти:
-Невистина е дека сум кандидат за конзул: Наводите дека сум предвиден или номиниран за функцијата конзул на Република Македонија во Албанија се целосно измислени. Според позитивните законски прописи, конзулската функција ја вршат исклучиво дипломати од кариера, каква што јас не поседувам.
-Невистина е постоењето на каква било пријава: Односните тврдења за наводен сексуален инцидент и пријава од моја страна за „загрозување на сигурноста“ во Полициската станица Ресен се целосна конструкција и лага. Не сум поднел каква било пријава до ОВР Ресен.
Конструирањето сензационалистички приказни без основани факти претставува директен напад врз мојата чест и углед.
Врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, бараме овој демант да биде објавен во целост, на истото место и во ист облик каде што е објавен и спорниот текст. Во спротивно, ќе бидам принуден да ги искористам сите правни средства и да покренам соодветна постапка пред надлежните судови за заштита на мојата чест и углед.
Подносител на демантот:
Едмонд Темелко
Датум: 15.09.2026 година“
Редакцијата на „Охридска” одговара на демантот доставен од Едмонд Темелко-Мони, во врска со текстот „Темелко, кандидат за конзул во Албанија, во нова љубовна афера во Ресен”
Во врска со демантот доставен до нашата редакција, изнесуваме одговор во јавен интерес и заради целосна транспарентност пред нашите читатели.
По однос на наводите за кандидатура за конзул
Редакцијата остава на увид на јавноста и на надлежните институции да се произнесат по прашањето на статусот и постапката за именување конзуларни претставници на Р. Северна Македонија. Согласно позитивните законски прописи, функцијата почесен конзул, за разлика од амбасадор или кариерен конзул, не подразбира задолжителен статус на дипломат од кариера – оваа фактичка околност останува предмет на проверка и појаснување од страна на надлежните институции.
По однос на наводниот настан во Ресен ,швалерајот на Темелко
Редакцијата останува цврсто при веродостојноста на своите извори и информации во врска со пријавениот настан. Бараме официјална институционална потврда, односно демант, од страна на ОВР Ресен и Министерството за внатрешни работи на РСМ, во однос на постоењето, односно непостоењето на службена евиденција за наведениот настан, вклучувајќи и објаснување зошто истиот, доколку постои, не бил вклучен во редовниот дневен билтен на настани,доколку јавно се знае дека за предметниот настан постојат повикани лица во ОВР Ресен.
Редакцијата постапува професионално и од етички причини нема да го објавиме идентитетот на љубовницата на Темелко и ако истиот е познат на редкацијата, и ни се доставени соодветни фото – видео мамтеријали,кој повторно од етички причини не ги објавувае со оглед дека илвовираната не е предмет на јавен интерес.
Редакцијата останува отворена и подготвена за секаква законска постапка пред надлежен суд, доколку господинот Темелко смета дека неговите права се повредени. Токму судска постапка е местото каде вистината за наведените наводи конечно ќе биде утврдена, врз основа на докази, а не преку демантирачки писма упатени до редакцијата.
„Охридскај” останува посветена на новинарските стандарди и на правото на јавноста да биде информирана, во согласност со Кодексот на новинарите на Македонија.
Сашо Денесовски -Главен и одговорен уредник

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
