Македонија ја очекува сончев и исклучително топол ден, со температури кои на повеќе места ќе се приближат до 40 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде стабилно, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 12 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 31 степен во Маврово до дури 39 степени во Скопје.
Во главниот град ќе преовладува сончево и многу топло време со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 16 до 39 степени.
Според УХМР, жештините ќе продолжат и во наредните денови. Во четврток времето повторно ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните ќе достигнат од 32 до 39 степени.
Во петок се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места и засилен ветер претежно од северен правец. Утринските температури ќе бидат од 13 до 22 степени, додека максималните ќе се движат од 33 до 40 степени, што ќе биде најтоплиот ден во овој период.
Од Институтот за јавно здравје апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките, а особено да внимаат лицата над 60 години, бремените жени, децата, работниците на отворено, како и лицата со хронични заболувања
Препораки за заштита од топлото време
– Избегнувајте директно изложување на сонце.
– Носете светла и лесна облека.
– При неопходен престој на отворен простор во овој период, најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
– Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер.
– Внесувајте доволно течности во текот на целиот ден.
– Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многужешки. Не оставајте никого во возилото!
– За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Здравствените власти советуваат да не се зема самоиницијативно терапија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
