Двајца државјани на Косово се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, откако полицијата во нивното возило пронашла пари во различни валути со вкупна вредност од околу 230.000 евра.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 3 август 2026 година, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на Република Косово.
При преглед на патничко возило „голф“, во кое се превезувале двајцата, биле пронајдени пари во различни валути и апоени – евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти, со вкупна проценета вредност од околу 230.000 евра.
Пронајдените пари биле одземени, а осомничените биле спроведени во Полициската станица Центар, каде што се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
