Репрезентацијата на Шпанија се враќа дома со рекордна заработка од 51 милион долари, откако синоќа со победа од 1:0 против Аргентина ја обезбеди својата втора шампионска титула на Светското фудбалско првенство.
Само за пласманот во финалето на Светското првенство, на секој од шпанските играчи им беа загарантирани околу 550 илјади долари, пред даноци. По освојувањето на Светското првенство, таа бројка се зголеми, а играчите добија 45% од наградниот фонд од 51 милион долари.
Ова значи дека секој од 26-те играчи на Шпанија ќе добие околу 940 илјади долари пред даноци.
Аргентина, која заврши на второто место, заработи 34 милиони долари.
Ова е заработката на останатите селекции кои настапија на СП:
3. место: Англија – 30 милиони долари
4. место: Франција – 28 милиони долари
5.-8. место: Швајцарија, Норвешка, Белгија, Мароко – 20 милиони долари
9.-16. место: Колумбија, Египет, САД, Португалија, Мексико, Бразил, Парагвај, Канада – 16 милиони долари
17.-32. место: Гана, Австралија, Алжир, Зелен ’Рт, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, ДР Конго, Сенегал, Шведска, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Германија, Јапонија, Јужна Африка, Холандија – по 12 милиони долари
33.-48. место: Јужна Кореја, Иран, Узбекистан, Ирак, Уругвај, Саудиска Арабија, Шкотска, Курасао, Катар, Панама, Јордан, Чешка, Тунис, Нов Зеланд, Хаити, Турција – 10 милиони долари
Tagged as:
откако синоќа со победа од 1:0 против Аргентина ја обезбеди својата втора шампионска титула на Светското фудбалско првенство Репрезентацијата на Шпанија се враќа дома со рекордна заработка од 51 милион долари
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
