Background

Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, што требаше да се одржи денеска, по констатирањето на дневниот ред, беше прекината поради отсуство на владин претставник, кој требаше да ја образложи единствената точка од дневниот ред – предлог-одлуката за продолжување кризна состојба за нафта и нафтени деривати

Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, што требаше да се одржи денеска, по констатирањето на дневниот ред, беше прекината поради отсуство на владин претставник, кој требаше да ја образложи единствената точка од дневниот ред – предлог-одлуката за продолжување кризна состојба за нафта и нафтени деривати.

Како што информира претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, за продолжението на седницата членовите ќе бидат дополнително известени.

Владата на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопштија, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

- Advertisement -
Ad image

– Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation