Моментот кога капитенот на Франција, Килијан Мбапе, го турна голманот на Шпанија во бес и немоќ, направи нова бура во медиумите. Унаи Симон остана на нозе, а француската ѕвезда доби жолт картон.
Французите останаа без посакуваното финале во Далас, а бурата на социјалните мрежи околу поразот повторно се разгорува. „Мбапе се посрами себеси“, анализраат медиумите за моментот кога Мбапе не издржа.
Всушност, Мбапе тешко наоѓаше простор меѓу шпанските дефанзивци во текот на целиот меч. Капитенот на Франција не упати удар во првото полувреме. Првата посериозна закана ја создаде дури по паузата, но Унаи Симон интервенираше сигурно. Следуваше уште еден обид, кој Марк Кукуреља го блокираше. Нервозата растеше.
Мбапе на крајот го турна шпанскиот голман. Судијата веднаш му покажа жолт картон.
По натпреварот, Мбапе призна дека Франција одигра лошо. Според него, Шпанија го контролираше средишниот дел и ја наметна својата игра.
Селекторот на Франција Дидие Дешамп, пак, го насочи незадоволството кон судијата. Тој го оспори пеналот за Шпанија и тврдеше дека Ламин Јамал претходно ја допре топката со рака.
На социјалните мрежи веднаш почнаа потсмевањата. Монтажи и видеа го прикажуваа Јамал како го симнува Мбапе како „диктатор“ од светската сцена.
Со поразот, Франција остана без борба за светската титула. Мбапе, сепак, ја продолжи трката за Златната копачка со 8 погодоци.
Познатиот голгетер на Франција го заврши мечот со 3 удари. Само 1 заврши во рамките на голот, додека успешноста во дриблинзите изнесуваше 18%. Специјализираниот портал Сокервеј го оцени со 5,7. Тоа беше една од најниските оценки во францускиот состав.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
