Background

Заврши првата рунда преговори во Швајцарија

Заврши првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија, изјави извор близок до преговарачкиот тим.

Иранската новинска агенција Тасним објави дека делегацијата на Иран одби заедничко фотографирање со американската делегација.

Американците и посредниците во разговорите, Пакистан и Катар, планирале да има ракување и заедничка церемонија на фотографирање, но Иранците одбиле.

- Advertisement -
Ad image

Иранската делегација протестирала до американските претставници за заканите кон Иран што денеска ги упати претседателот Доналд Трамп.

Иранската државна телевизија објави дека на првата 80-минутна сесија од разговорите не се дискутирало за нуклеарната програма на Иран, туку за почитувањето на договорот меѓу САД и Иран и за ситуацијата во Либан.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, кој ја преводи американската делегација, во која се и Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денеска изјави дека разговорите во Швајцарија со иранската страна за поширок договор на Блискиот Исток, можат да бидат историски и да доведат до трансформација на регионот и до трајно подобрување на односите со Иран.

Американскиот претседател денеска прво му се закани на Иран дека ќе го „удри уште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан – Хезболах, а потоа упати закани и до иранските преговарачи дека „нема да се вратат во својата земја“ ако Техеран повторно го блокира Ормускиот Теснец.

По ова Иранците одговорија дека се подготвени да одговорат на заканите, а потоа ги прекинаа разговорите во знак на протест.

– Не мислат ли дека ако нивните закани имаа некаков ефект, немаше да стигнат до очајот со кој се соочуваат денес? Воопшто не ги земаме предвид заканите на Американците – рече главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф.

Иран извести дека постигнале нацрт-договор за тоа дека САД ќе издадат одлука за укинување на санкциите за извоз на иранска нафта, што е еден од клучните предуслови пред Иран да почне разговори за неговото нуклеарно досие. Иранските официјални лица тврдат и дека е постигнат напредок во одмрзнувањето на иранските пари на банкарските сметки во странство.

Техеран соопшти и дека ја обновил блокадата во Ормускиот Теснец во знак на протест поради континуираните израелски напади во Либан, како и дека Трамп му дозволува на Израел да го прекрши меморандумот за разбирање потпишан од американскиот претседател Трамп и неговиот ирански колега, Масуд Пезешкијан, минатата недела. Меморандумот јасно повикува на прекин на огнот на сите фронтови, но Израел во саботата уби повеќе од 30 луѓе во нападите во централен и во јужен Либан.

На разговорите во Швајцарија, Венс го минимизираше влијанието на насилството во Либан, велејќи дека е постигнат напредок кон прекинување на непријателствата таму.

– Овие работи секогаш се малку хаотични – рече тој.

Со омекнувачки тон, за разлика од тонот на Трамп, Венс додаде:

– Она што претседателот нè замоли да го направиме е да свртиме нов лист, да го трансформираме нашиот однос со народот на Иран и да подадеме рака, што ќе им каже на народот на Иран дека ако раководството е подготвено да се откаже од тоа да биде двигател на регионалната нестабилност, ако е подготвено да се откаже од амбициите за нуклеарно оружје на долг рок, тогаш САД се подготвени фундаментално да го трансформираат нашиот однос со таа земја. Прашањето пред нас сега е колку повеќе можеме да постигнеме заедно? Можеме ли да свртиме нов лист?

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation