Албанскиот премиер Еди Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“.
„Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од Косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи.
22 дена Албанија се соочува со континуирани протести, наречени Фламинго-револуција, предизвикани од контроверзниот проект за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со комапнија на Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД Доналд Трамп,.
Освен во Албанија, демонстрации беа организирани и во албанската дијаспора – во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и Австралија.
Учесниците во протестот бараат прекин на проектот, укинување на законот за стратешки инвестиции и измени на регулативите за заштитените подрачја, како и оставка на премиерот Рама.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
