Background

Вучиќ, мафијата и самитот во Тиват: инжинеринг на страв или страв од вистината?

Додека во Тиват се подготвуваше еден од најзначајните дипломатски настани во историјата на Западниот Балкан, самитот ЕУ-Западен Балкан на 4 и 5 јуни 2026 година, Александар Вучиќ успеа уште еднаш да ја сврти медиумската позорност кон себе, и тоа со приказна која до ден денеска нема паралела во регионалната политика.

Чартер лет со криминално досие

Уште пред пристигнувањето на српскиот претседател во Тиват, со чартер лет на „Ер Србија” на аеродромот слетаа околу 90 државјани на Србија. Според проценките на црногорската полиција, овие лица со криминални досиеа имале задача неформално да го обезбедуваат престојот на Вучиќ на самитот. Меѓу нив имало лица обвинети за тешки кривични дела, кои опозициски медиуми и активисти во Србија со години ги означуваат како блиски до власта, а кои Српската напредна странка ги ангажира за митинзи, обезбедување на странски простории и организирање на провладини протести.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата на Црна Гора ги запленила и два автобуса со регистарски таблички од Србија за кои се сомневала дека биле наменети за превоз на оваа група. Потоа следеше реакцијата на Подгорица: целата група беше вратена назад во Белград со истиот лет. Поентата беше јасна и понижувачка за Белград.

Одмазда преку граница

Реакцијата на Белград не изостана. Откако повеќе од 80 српски државјани беа протерани од аеродромот во Тиват поради загрозување на националната безбедност, граѓаните на Црна Гора почнаа да наидуваат на сериозни тешкотии при преминувањето на границата со Србија. Според информации добиени од безбедносниот сектор, до 19:30 часот ниту еден црногорски државјанин не преминал во Србија преку граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац, кои се под надлежност на српската полиција.

Изворите тврдат дека српските безбедносни служби им соопштиле на своите црногорски колеги дека станува збор за привремена мерка. Меѓутоа, логиката е транспарентна: кога не можеш да победиш дипломатски, ги затвораш границите.

БИА излегува со соопштение: сценарио или реалност?

Кулминацијата на целата афера дојде со јавното соопштение на Безбедносно-информативната агенција (БИА). Агенцијата јавно го советуваше Вучиќ да не оди во Тиват поради „непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови” во Црна Гора, наведувајќи дека нивните оперативни сознанија покажуваат дека водачот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора.

Слободна Европа утврди дека меѓу вратените лица имало приврженици на Вучиќевата Српска напредна странка, како и лица обвинети за напади на антивладини демонстранти. Полицијата на Црна Гора им одземала и голем транспарент со натписот „Србија побеџује”, кој СНС го користи на своите митинзи. Radio Slobodna Evropa

Јавното соопштение на БИА го постави клучното прашање: зошто безбедносна агенција јавно советува претседател? Оваа постапка е невообичаена во демократските држави и може да биде сфатена единствено како намерно создавање на наратив за опасност, прилагоден за домашната публика во Србија.

Пропаганден инжинеринг пред европска публика

Според информации на порталот Антена М, обавештајните и безбедносните служби на Франција ги информирале своите колеги во Црна Гора за доаѓањето на групата лица од криминалниот миље со чартер лет во Тиват. Француската компанија ВИНСИ, која го управува аеродромот Никола Тесла во Белград, прва имала информации за овој лет и преку официр за врска ја алармирала францускиот разузнавачки огранок ДГСЕ, кој потоа ги предупредил надлежните органи во Подгорица.

Ова значи дека не Белград, туку Европа ја спречила „акцијата”. Тоа е длабоко симболично.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјавила дека во Црна Гора постои „сериозна безбедносна закана по животот” на Вучиќ и го молела да не пренокува во Тиват доколку сепак инсистира да замине. Ова е класичен образец на режимска мегафонија: кога шефот е во тешкотии, верните гласови го засилуваат наративот за опасност наместо да го решат политичкиот проблем.

До каде оди забеганоста на Вучиќ?

Вистинското прашање не е дали Звицер е во Црна Гора. Вистинското прашање е зошто еден претседател патува на меѓународен самит со неформална „гарда” составена од лица со криминални досиеа, кои со себе носат партиски транспаренти. Самитот во Тиват паднал симболично на 20-годишнината од независноста на Црна Гора и е сметан за еден од најзначајните дипломатски настани во историјата на државата, со присуство на германскиот канцелар Фридрих Мерц, француски претседател Емануел Макрон и италијанска премиерка  Мелони.

На тој форум, Вучиќ пристигнува не со дипломатски капацитет, туку со страница директно од прирачникот за улична контролс на јавниот простор. Кога тоа ќе му биде спречено, одговорот е блокирање на границата за обични граѓани.

Ова е политичко однесување кое не само што го срамоти Белград пред европски лидери, туку покажува систем во кој државните апарати, разузнавањето, парламентарните гласноговорници и партиските структури функционираат во единствена служба на одржување на еден политички лидер на власт, по секоја цена и со секоја средство.

Страв, одмазда и пропаганда. Тоа е целосниот репертоар на Тиватската криза, јасно прочитан.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation