Премиерот Христијан Мицкоски повторно најави реконструкција на Владата, овој пат закажана за крајот на јуни 2026 година. Според најновите изјави, во втората половина на јуни се планираат разговори со коалициските партнери за натамошните кадровски чекори.
Но ова не е прва ваква најава. Мицкоски во повеќе наврати најавуваше реконструкција, прво некаде кон есента, потоа за почетокот на 2026, па за мај, па за јуни, и секој пат промените изостануваа. Во април 2025 година, пред локалните избори, тој јавно изјави дека реконструкција нема да има, тврдејќи дека коалицијата функционира одлично. Неколку месеци подоцна, тонот се смени.
Во меѓувреме, Владата ја потресе и конкретна оставка. Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ја напушти функцијата, најавувајќи дека се враќа во Брисел. Реконструкцијата, значи, веќе започна сама по себе, без официјална одлука.
Прашањето кое се наметнува е неизбежно. Дали овие повторувани најави на Мицкоски наликуваат на познатата „метла” на поранешниот премиер Зоран Заев, кој со години ветуваше чистење во Владата и државните претпријатија, а на крај метлата го помете него самиот и целиот СДСМ? Паралелите се удобно јасни, премногу најави, премалку акција, и јавност која повеќе не верува на датуми.
Дали јуни 2026 ќе биде поинаков? Или ќе добиеме нова најава за есента?
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
