Под светлата на операционата сала, каде секунда одлучува за живот или смрт, проф. д-р Венко Филипче е во својата природна средина. Додека светот го познава и како претседател на СДСМ и поранешен министер за здравство на Република Северна Македонија, тој никогаш не го симнал хируршкиот мантил.
„Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот и од надежта што повторно им се враќа на луѓето и нивните семејства” , ова е мотото кое го движи еден од најрелевантните неврохирурзи во регионот. и светот.
Кој е Венко Филипче? Биографија на лекарот кој не заборавил од каде потекнува
Професор д-р Венко Филипче е роден на 13 јуни 1977 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, со специјализација по неврохирургија завршена во 2008 година. Магистрирал во 2011 година, а докторирал во 2015 година.
Во 2012 година завршува fellowship по интервентна неврорадиологија, со што станува првиот неврохирург во Македонија и пошироко во регионот кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиника во Скопје.
Според колегите, Филипче е пионер во областа на невроваскуларните техники при третман на васкуларни аномалии на мозокот. Своите знаења ги усовршувал во водечки неврохируршки центри низ светот , во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул и Цирих.
Хирург и политичар: Двојна мисија за подобар живот
Она што го прави Филипче исклучителен е дисциплината да стои истовремено на две тешки фронти. И покрај политичките обврски, тој секојдневно работи со пациенти, а еднаш неделно влегува во операциона сала. Воедно е активно вклучен во наставниот процес на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, каде предава васкуларна неврохирургија, траума и функционална неврохирургија.
„Прегледувам пациенти секој ден, луѓе доаѓаат за консултација и мислења, а еднаш неделно влегувам во операциона сала”, изјавил самиот Филипче.
Говорејќи за предизвиците во медицината и политиката, Филипче нагласил дека и двете професии ги обединува истата желба , да им се помогне на луѓето.
Дали човекот кој оперира мозоци може да ја излечи и Македонија?
Ако постои некој кој знае под каков притисок се носат животно важни одлуки , тоа е неврохирург кој 12 часа стои на нозе, со скалпел во рака, борејќи се за туѓ живот. Токму тоа искуство на прецизност, одговорност и фокус, Венко Филипче го носи во политиката.
„Јас не би рекол дека политиката е лоша професија. Лоша е перцепцијата поради лошите практики. Мојот предизвик е луѓето да знаат дека и политиката може да е чесна професија, да се работи за доброто на луѓето, а не за сопствен бенефит” , порачал Филипче.
Дали еден мозочен хирург може да изврши и онаа „скоро невозможна операција” , операцијата за подобар живот во Северна Македонија? Одговорот е сè уште отворен. Но едно е сигурно: рацете кои знаат да спасуваат животи, знаат и каде е вистинскиот пулс на еден народ.
С.Д.
Tagged as:
венко Филипче Здравство Македонска Медицина Неврохирург политика сдсм Северна Македонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
