Background

ФФМ НЕ ПРОСТУВА, ГОЛЕМИ ПАРИЧНИ КАЗНИ ЗА ШКЕНДИЈА И ЗА ТИКВЕШ

Фудбалската Федерација на Мкакедонја објави нов сет одлуки на својата Дисциплинска комисија, со кои се изречени парични казни и отворени постапки против неколку клубови и поединци од македонските фудбалски натпреварувања.

Најголемо внимание предизвикува одлуката со која се поведува дисциплинска постапка против Вардар поради, како што се наведува, недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите по натпревар.

Пиротехника и инциденти на трибини, високи казни за повеќе клубови

- Advertisement -
Ad image

Дисциплинската комисија изрече казна од 2.500 евра за Пелистер поради користење пиротехнички средства на натпреварот против Вардар, одигран во рамки на 26. коло.

Истата парична казна ја доби и Вардар за истиот меч поради употреба на пиротехника од страна на навивачите.

Од ФФМ соопштуваат дека ваквите мерки се дел од континуираните напори за подобрување на безбедноста на стадионите и фер-плеј атмосферата.

Шкендија е казнета со 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и националистички пораки на натпреварот против Струга Трим Лум.

Во одделна одлука, клубот од Тетово е санкциониран и со 500 евра за недолично однесување на фудбалерот Имран Фетаи, кој по натпреварот против Силекс кршел врата, како и за инцидент во кој тренерот Јетон Беќири упатил вербални напади кон припадници на МВР.

Инциденти и организациски пропусти

Шекндија Арачиново е казнета со 1.000 евра поради пиротехника и влегување на претседателот на клубот на теренот за време на натпреварот против Брегалница 2008.

Осогово доби казна од 300 евра поради пиротехнички средства на натпреварот со Шкендија Арачиново.

Покрај тоа, Детонит Плачковица и Сада се казнети со по 150 евра поради фрлање шишиња со вода на теренот на своите натпревари.

Брегалница 2008 е санкционирана со 5.000 евра поради слаба организација на натпреварот против Шкендија Арачиново, присуство на неслужбени лица и недоволен број редари.

Тиквеш доби две казни од по 5.000 евра – една поради истакнување навредлив банер кон ФФМ, а друга поради користење пиротехника, топовски удари и попречување на телевизиски пренос.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation