Background

Откриено што ќе јаде кралското семејство кај Трамп во Белата куќа

Британскиот кралски пар доаѓа во САД за да ја одбележи 250-годишнината од американската независност.

Кога британскиот крал Кралот Чарлс III и неговата сопруга Кралицата Камила ќе му се придружат на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, се очекува менито на државната вечера – каде влогот е висок – да остави силен впечаток, пишува Fox News Digital.

Бакингемската палата на 31 март објави дека кралот и кралицата ќе отпатуваат во САД за да ја одбележат 250-годишнината од американската независност. Трамп информираше дека парот ќе престојува од 27 до 30 април, додека државниот банкет е планиран за 28 април во Белата куќа.

- Advertisement -
Ad image

Дарен МекГрејди, поранешен личен готвач на покојната Кралица Елизабета II, Принцезата Дајана, како и на нејзините синови Принцот Вилијам и Принцот Хари, кој готвел и за американските претседатели Форд, Реган, Клинтон и двајцата Буш, изјави дека британското кралско семејство може да го очекува на трпезата „најдоброто од Америка“.

– Не би очекувал на менито да има clotted cream (многу густа млечна павлака), бидејќи тоа е типично британски производ. Америка има неверојатни домашни намирници. Секако, палатата сигурно веќе комуницирала дека кралот не е љубител на чоколадо, додека кралицата го обожава. Ако има сирење, кралот ќе биде воодушевен – тој го обожава. Исто така сака мед, печен зеленчук, рижото, а особено јагнешко месо. Тука има извонредно јагнешко – би му била чест ако му се послужи – открива МекГрејди.

Тој додава дека да се импресионира монархот е полесно отколку што многумина мислат.

– За кралот најважни се локалните производи. Сака да види сезонски намирници – аспарагус, артичоки, грашок, спанаќ и брокула. Би бил апсолутно воодушевен ако нешто од тоа се најде на менито – вели тој.

Кралската коментаторка Аманда Мата се согласува и додава дека Белата куќа сигурно ќе ги земе предвид прехранбените навики и ограничувања на гостите, но менито сепак ќе биде суштински – американско.

Кралот Чарлс, на пример, не јаде foie gras, а членовите на кралското семејство од практични причини избегнуваат и црвени сосови, лук или кари. Оброкот мора да биде елегантен, но не премногу комплициран и лесен за јадење за време на разговор. Тоа значи – без храна што се јаде со раце, без неуредни јадења и без премногу експериментирање – вели Мата.

Таа нагласува дека ваквите вечери се дипломатски чин: секое јадење, секое вино и секоја состојка се внимателно избрани за да ја претстават земјата домаќин, нејзината кујна, земјоделство и идентитет.

Британската коментаторка Хелена Чард смета дека не би било изненадување ако се послужи едно од омилените јадења на кралот.

– Очекувам органско јагнешко од Вирџинија со кора од билки и многу зеленчук. Органски грашок со нане е на врвот – кралот е опседнат со грашок. И Чарлс и Камила сакаат рачно изработени сирења, како и пита од органски јаболка“, вели таа.

Но, постојат и строги забрани.

– Кралскиот протокол налага дека лукот и школките се строго забранети. Менито се планира со недели однапред. Се прават три пробни верзии, а конечната се избира 24 часа пред банкето – додава Чард, посочувајќи дека се внимава и на здравјето на кралот, кој продолжува со лекување од рак.

Американските државни вечери следат утврден протокол: церемонија на пристигнување, поздравување, коктели, формална вечера, говори и забава. Понекогаш има и музички настапи, а токму опуштените моменти по вечерата често создаваат легендарни сцени – како танцот на принцезата Дајана со Џон Траволта во 1985 година.

– Можеби ќе ја видиме Камила како танцува со Трамп, или Меланија во прегратка на кралот Чарлс – ништо не би ме изненадило – заклучува Мата.

И додека британскиот крал важи за прилично едноставен кога станува збор за храна, американскиот претседател е уште поедноставен: неговото мени најчесто се сведува на неколку јадења – брза храна, стек и газирани пијалаци.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation