Белгискиот премиер Барт де Вевер ја поддржува идејата Европска Унија да започне преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, објавија локални медиуми.
Де Вевер, по состанокот на Европски совет одржан во Кипар кон крајот на минатата недела, изјавил дека таквиот став го споделуваат се поголем број негови колеги.
Според него, со одобрувањето на заем од 90 милијарди евра за Киев, ЕУ покажала дека ќе продолжи со поддршката за Украина и дека Русија не може да победи во војната.
„Ќе продолжиме со целосна поддршка за Украина, но не можеме да дозволиме таа војна да трае уште со години, со толку човечки страдања – луѓето стануваат жртви попусто“, изјавил Де Вевер.
Тој нагласил дека Европа треба да каже „доста со ова лудило“ што веќе четири години не води никаде, додавајќи дека таквото размислување се почесто се појавува меѓу лидерите на земјите-членки на ЕУ.
Де Вевер исто така оценил дека во краткорочен план членството на Украина во ЕУ не е остварлио и оти нема да има „брза патека“ за пристапување. Сепак, ја поддржал идејата за започнување суштински преговори со Киев, напоменувајќи дека таквите процеси понекогаш траат со децении и дека Украина треба да добие можност за постепено приклучување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
