Background

Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година

Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и во Океанија. Трите најголеми потрошувачи, САД, Кина и Русија, заедно потрошиле 1.480 милијарди долари, односно 51 отсто од вкупниот глобален износ.

Ова е 11. година по ред како се бележи раст на воената потрошувачка, при што, глобалниот воен товар, односно, уделот на воените расходи во бруто-домашниот производ (БДП), достигнал 2,5 отсто, што е највисоко ниво од 2009 година.

- Advertisement -
Ad image

Иако глобалниот раст од 2,9 отсто е значително помал од зголемувањето од 9,7 отсто забележано во 2024 година, забавувањето главно се објаснува со падот на трошоците на САД.

Главен придонес кон глобалниот раст во 2025 година има зголемувањето од 14 отсто во Европа, каде трошоците достигнаа 864 милијарди долари. Во исто време, воените расходи на Русија и на Украина продолжија да растат во четвртата година од војната, додека напорите на европските членки на НАТО за повторно вооружување доведоа до најголем годишен раст во централна и во западна Европа од крајот на Студената војна.

Руските воени трошоци пораснале за 5,9 отсто во 2025 година, достигнувајќи 190 милијарди долари, што претставува 7,5 отсто од БДП.

Според методологијата на SIPRI, 29 европски членки на НАТО потрошиле вкупно 559 милијарди долари во 2025 година, при што 22 од нив за одбрана издвоиле најмалку 2 проценти од БДП.

Германија е најголемиот воен потрошувач во групата, со раст на трошоците од 24 отсто. Земјата лани за вооружување потроши 114 милијарди долари. Воените расходи на Германија го надминаа прагот од 2 проценти за првпат од 1990 година, достигнувајќи 2,3 отсто од БДП во 2025 година.

Во извештајот се додава дека во 2025 година воените трошоци на европските членки на НАТО пораснале најбрзо од 1953 година, што го одразува стремежот кон поголема европска самостојност, како и зголемениот притисок од САД за порамномерна распределба на товарот во рамки на Алијансата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation