Background

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) досега впиша 4 македонски банки (3 големи и една средна) во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА со што официјално започнува членувањето на земјава во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) досега впиша 4 македонски банки (3 големи и една средна) во  регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА со што официјално започнува членувањето на земјава во СЕПА , соопшти Народна банка.

Овие банки ќе започнат со кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.

Се очекува и останатите 8 деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, да бидат впишани во регистарот на ЕПС.

- Advertisement -
Ad image

Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.

Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.

Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation