Кривична пријава против Асен Шајн, поранешен директор на Општа Болница Охрид, за злоупотреба на службената положба,се расфралал со народни пари?

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СВР Охрид денеска информираше за поднесена кривична пријава против Асен Шајн, поранешен директор на ЈЗУ Општа Болница Охрид и актуелен претседател на ОО СДСМ Охрид. Пријавата се однесува на постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот кога Шајн бил вршител на должноста директор на болницата, се смета дека со пропуштање на надзор и без правен основ, им определил коефициент на раководење на четворица административни работници, иако тие немале решенија за раководни позиции. Со тоа, Шајн им овозможил повисоки плати, на штета на болницата, во вкупна вредност од 257.920 денари. Ова било откриено при вонреден инспекциски надзор извршен од Државниот инспекторат за труд.

Согласно најновите информации, против Асен Шајн, поранешен директор на ЈЗУ Општа Болница Охрид, а сега актуелен кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, се води уште една кривична постапка, овој пат поради наводно лажен сертификат за англиски јазик (ТОЕФЛ). Паралелно со оваа постапка, во јавноста се поставува прашањето: како е можно Шајн, како директор на охридската болница, да делел државни пари без правен основ на своите административни работници, кога самата здравствена институција со години има проблеми со ликвидност?

Со оглед на сериозните обвиненија за злоупотреба на службената положба и овластувања, особено во контекст на исплатата на неприфатливи плати на административци без правен основ, ќе биде неопходно Шајн, како главен адут на СДСМ за локалните избори, да го образложи својот став пред јавноста. Како тоа што се трошеле народни пари, на штета на здравствената установа, и дали ваквото однесување е соодветно за лице кое ќе се претставува како лидер на градот?

Во ситуација кога охридската болница има сериозни финансиски проблеми и се соочува со потешкотии во обезбедувањето на основни услуги, станува јасно дека јавноста има право да бара одговорности од оние кои ги менаџираат јавните ресурси. Важно е да се постави прашањето дали ваквата практика на делба на државни пари без правен основ може да се оправда и што тоа значи за иднината на јавните институции и нивната транспарентност.

(Ја ,тате и бате) С.Д

Share This Article