Background

Гости скокале од прозорци, пожарот во Турција однесе 66 жртви

Бројот на жртвите од пожарот што рано утрово избувна во хотелот „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, северозападна Турција, се искачи на 66, додека над 50 лица се повредени, соопшти министерот за здравство Кемал Мемисоглу.

Пожарот започнал околу 3:30 часот по локално време во ресторанот на првиот спрат од 11-катната зграда и за кратко време се проширил низ целата структура. Во моментот на избувнувањето, хотелот бил исполнет со 238 гости, од кои голем дел биле семејства на одмор за време на школскиот распуст.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Некои од загинатите изгубиле живот во паника, обидувајќи се да се спасат со скок од прозорците на горните катови. Телевизиските снимки ги покажаа горните катови и покривот на хотелот како во пламен, додека пожарникарите со големи напори се бореле да го стават огнот под контрола.

 

 

Властите истражуваат дали дрвената фасада на хотелот, која дополнително го зголемила ризикот од брзо ширење на огнот, е главната причина за трагедијата. Поради карпестата локација на хотелот, гаснењето на пожарот било отежнато, иако биле испратени 30 противпожарни возила.

 

 

Карталкаја, лоцирана во планината Короглу, се наоѓа на 300 километри од Истанбул и 170 километри од Анкара и е популарно зимско одморалиште.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation