По 12-ти пат во кариерата Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, по камбекот во кој го совлада Карлос Алкараз со 4-6, 6-4, 6-3, 6-4. Натпревар со фантастични разменети поени, но и многу напнати моменти.
Ѓоковиќ имаше многу проблеми во првиот сет. Новак прв направи брејк и стигна до 2:0, но експресна реакција имаше шпанскиот тенисер кој го врати брејкот. Потоа дојде до пеколна размена во текот на деветтиот гем, еден од најдолгите на натпреварот, а потоа Новак спаси два, но не можеше да дојде до третиот брејк.
Новак го загуби првиот сет, а потоа замина во соблекувалната каде му беше укажана асистенција. Набрзо се појавил со завој околу левата надколеница, а потоа работите на теренот целосно се променија.
Од тој момент, Ѓоковиќ почна да контролира што се случува на теренот, пред се со неверојатни враќања, но и со големи варијации во текот на играта. Бекхендот стана смртоносно оружје и служеше токму во моментот кога натпреварот се одлучуваше.
Алкараз стануваше се понервозен, па дури и се пожали на судијата дека предоцна го пушта Србинот да сервира.
Младиот Шпанец во еден момент во напад на лутина ја шутна топката, а тоа беше јасен показател дека натпреварот е при крај.
Тој мораше сериозно да го намачи Ѓоковиќ, но сепак Србинот третпат во кариерата го победи Алкараз на тврда подлога и втор пат на Грен слем.
Поранешниот тениски рекет број еден во полуфиналето в петок ќе игра против Германецот, Александар Зверев кој со 3:1 во сетови беше подобар од Томи Пол од САД.