Путин има само едно барање во врска со Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
This pool image distributed by Sputnik agency shows Russian President Vladimir Putin chairing a meeting with the heads of Russia's manufacturing enterprises on the development of industry at the Kremlin in Moscow on August 3, 2023. (Photo by Alexander KAZAKOV / POOL / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да разговара со САД за војната во Украина, но постави ултиматум – целосно предавање на Украина, според американскиот Институт за проучување на војната (ISW) во својата најнова анализа.

Аналитичарите на институтот тврдат дека Путин вчера наводно свикал состанок на Советот за безбедност на Руската Федерација, на кој заедно со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја потврдиле подготвеноста на Русија за мировни преговори со новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Се наведува дека Путин нагласил дека секое мирно решение треба да се заснова на „елиминирање на основните причини“ на конфликтот, што според него вклучува исполнување на тешките барања на Русија.

„Високите функционери на Кремљ, вклучително Путин и Лавров, повторија во последните недели дека Кремљ одбива да разгледа какви било компромиси со барањата на Путин од крајот на 2021-ва и почетокот на 2022-ра година, кои вклучуваат Украина да остане трајно „неутрална“ и да не се приклучи кон НАТО, наметнувајќи строги ограничувања за големината на украинската армија и отстранување на актуелната украинска влада“, се наведува во анализата на „ISW“.

Путин исто така рече дека поранешниот американски претседател Џо Бајден во 2021 година предложил да се одложи пристапот на Украина во НАТО за 10-15 години, но и тоа не ја спречило руската инвазија, која тој ја опиша како одговор на заканата од инвазија на НАТО.

Вчера, по неговата претседателска инаугурација, Доналд Трамп по четири години се врати во Овалната соба на Белата куќа и оттаму изјави дека Путин ја „уништува“ Русија со тоа што одбива да постигне пријателски крај на војната во Украина.

Share This Article