Хамас сè уште не ги предаде списоците со заложниците

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку осум Палестинци загинаа утрово во напад на израелски дрон во источниот дел на градот Газа, изјавија палестински лекари.

Израелската војска соопшти дека утринава извршила артилериско гранатирање и неколку напади со беспилотни летала врз цели на палестинската милитантна група Хамас во северниот и централниот дел на Појасот Газа, бидејќи прекинот на огнот сè уште не стапил во сила.

„Армијата продолжува да оперира и да напаѓа терористички цели во Појасот Газа“, се вели во соопштението на израелската армија.

Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), беше одложен откако Хамас не ги соопшти имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени, изјави денеска портпаролот на израелските вооружени сили, Даниел Хагари.

„Спорот не беше решен во определеното време. Израелските одбранбени сили (ИДФ) „продолжуваат да напаѓаат, дури и сега, внатре во арената Газа и ќе продолжат додека Хамас не ги исполни своите обврски“, рече Хагари.

Во кратката, телевизиска изјава тој рече дека политичкиот ешалон ѝ наредил на ИДФ да го одложи спроведувањето на прекинот на огнот и дека ја задржува слободата да продолжи со нападите во Појасот Газа, додека не стапи на сила примирјето.

Портпаролот рече дека ИДФ е целосно подготвена да го спроведе прекинот на огнот, но и дека е подготвена да дејствува доколку Хамас ги прекрши условите.

Во меѓувреме, Израел објави дека е пронајдено телото на Орон Шаул, војник кој беше убиен во војната меѓу Израел и Хамас во 2014 година, во специјална операција. Телата на Шаул и уште еден војник, Хадар Голдин, останаа во Газа по војната во 2014 година и не беа вратени и покрај кампањата на нивните семејства.

Претходно денеска, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската на земјата да не започнува прекин на огнот во Појасот Газа доколку Хамас не ги објави имињата на заложниците што треба да ги ослободи. Набргу потоа Хамас објави дека групата сè уште не му доставила список на Израел од заложниците „од технички причини“.

- Advertisement -
Ad image

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас требаше да стапи на сила денеска во 8:30 часот по локално време. Во текот на првата фаза, која се очекува да трае шест недели, треба да бидат ослобоени 33 од 98-те преостанати израелски заложници, меѓу кои и жени, деца, мажи над 50 години, болни и ранети. Според првичниот план, нивното ослободување се очекуваше денеска околу 16:30 часот по локално време.

За возврат, Израел ќе ослободи речиси 2.000 Палестинци од своите затвори.

Членовите на Хамас денеска објавија дека групата „ја потврдува својата посветеност на условите од договорот за прекин на огнот“.

- Advertisement -
Ad image

„Списокот со имињата на израелските заложници што ќе ги ослободи Хамас во првата фаза од планираниот прекин на огнот меѓу групата и израелската армија ќе биде достапен наскоро“, изјави денеска неименуван член на Хамас.

За време на првата фаза од прекинот на огнот, израелската војска ќе се повлече од некои свои позиции во Газа, а на Палестинците раселени од северните области на Газа ќе им биде дозволено да се вратат.

Во текот на втората фаза ќе бидат разменети преостанатите заложници и ќе се изврши завршување на повлекувањето на израелските војници од Газа, во зависност од резултатите од преговорите, кои ќе започнат 16 дена по почетокот на прекинот на огнот.

Share This Article