Шест планети се редат за спектакуларен вовед во новата година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Планетите Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран ќе се наредат во една оска во редок астрономски феномен кој ќе се случи идната недела. Најдобро време да се набљудува како планетите кои ќе „парадираат“ ќе биде по 21 јануари и пред 21 февруари.

Се чини дека новата 2025 година ни приреди спектакуларен почеток. Нема да мора да чекате долго за сите шест планети да бидат на небото. Оддалечете се од градските светла кога небото е ведро. Најдобро е да се отиде во природа, далеку и од приградските населби.

Планетите треба да бидат таму веднаш штом ќе зајде сонцето. Кога ќе се стемни, ќе имате само неколку часа да ги набљудувате пред Венера, Сатурн и Нептун да зајдат под хоризонтот за таа вечер. Ова важи без разлика на локацијата, па каде и да сте, сè се случува во исто време.

За далечни планети како Уран и Нептун ќе ви биде потребна опрема за да ги видите. За Уран доволен е телескоп кој зголемува 20 до 50 пати, додека за да ги видите прстените на Нептун ќе ви треба зголемување од 150 пати. Телескопот можете да го искористите и да го видите Сатурн во сета негова слава.

Во текот на последните неколку дена од февруари, ќе се појави Меркур и парадата ќе се зголеми на седум планети. Ова најдобро ќе биде видливо веднаш по заоѓањето на сонцето и ќе биде потешко да се забележи додека сонцето сè уште е на хоризонтот затоа што неколку планети ќе бидат доста блиску до сонцето.

Share This Article