Background

Ѕвездата на хит серија донираше бубрег и започна синџир од 14 лица што спасија 7 животи

Сè започнало во 2018 година кога тогаш 20-годишниот Белмонт Камели, ѕвезда на серијата „Off Campus“ за која сите лудуваа изминатата недела, дознал дека на неговиот пријател од детството, Брендан Флаерти, итно му е потребна трансплантација на бубрег. Иако актерот не бил биолошки компатибилен донатор, тој одбил да се откаже од својата намера да помогне, а неговиот договор да учествува во размена на органи на крајот резултирала со сложен потфат во кој биле вклучени дури 14 лица.

Разочарувачка статистика и живот на машини

Флаерти бил во исклучително тешка состојба предизвикана од откажување на бубрезите и преживувал само благодарение на секојдневната дијализа. Поминал исцрпувачки шест години на листата на чекање. Камели подоцна на социјалните мрежи, заедно со фотографии од болницата, споделил поразителна статистика за оваа болест со која се соочуваат илјадници луѓе.

– Секој ден, 20 луѓе умираат чекајќи трансплантација на бубрег. Во просек, пациентите поминуваат три и пол години на листата на чекање пред да добијат трансплантација, а тоа е само ако имаат толку среќа – истакна актерот.

- Advertisement -
Ad image

Кога лекарите во болницата Нортвестерн утврдиле дека бубрегот на Камели не може да се трансплантира на неговиот пријател, тие предложиле тој да се придружи на таканаречената програма за размена. Во вакви системи, некомпатибилните парови донор-примател се спаруваат со други во слична ситуација.

Верижна реакција што споила странци

Во оваа програма бубрегот на Камели бил доделен на Клотилда Руиз. Нејзината ќерка исто така не можела да ѝ донира орган на сопствената мајка, но нејзиниот бубрег имал совршено совпаѓање со друг пациент на списокот на болницата. Синџирот продолжил да се шири од пациент до пациент сè додека Флаерти конечно не добил соодветен орган од сосема непознат донатор.

Сега 28-годишниот актер, кој го игра Гарет во популарната хокеарска серија, се присети на подвигот во кој седум пациенти добија нов живот.

– Факт е дека повеќето од нас имаат два здрави бубрега, додека илјадници луѓе се борат ден за ден со само еден што откажува. Јас бев благословен со можноста и привилегијата да спасам живот – објасни Камели.

Зошто 14 луѓе во синџирот, а 7 спасени животи?

Математиката зад овој медицински подвиг се базира на систем на некомпатибилни парови. Точно седум такви парови влегле во програмата за размена, секој составен од пациент на кој му е потребен бубрег и донатор (како Камели) кој сака да му го даде, но не може поради биолошко несовпаѓање. Потоа медицинскиот тим ги „вкрстил“ нивните податоци и ги споил едни со други. Секој од седумте донатори го дал својот бубрег на пациентот во групата со кој имал совршено совпаѓање, со што завршилее седум успешни трансплантации во рамките на овој затворен синџир од 14 луѓе.

„Мојата болка ќе исчезне, но љубовта останува“

Иако не можел директно да го спаси својот пријател, резултатот од целиот процес го воодушевил.

– За среќа, по шест години напорно чекање и исчекување, Брендан го доби органот што го чекаше толку долго, а мојата нова пријателка Клотилда конечно ќе има здрав бубрег и свеж, нов почеток во животот – додаде тој.

Актерот не ја криеше својата гордост од успехот на целиот медицински тим и сите вклучени семејства.

– Многу сум благодарен што сум дел од оваа програма за размена во која учествуваат 14 лица и што седум пациенти беа благословени со нови органи и посветла иднина – напиша тој, и размислувајќи за самата операција и долгото закрепнување, емотивно заклучи: „Наскоро мојата болка ќе исчезне и лузните ќе исчезнат, но љубовта во моето срце од ова искуство засекогаш ќе остане“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation