Background

Зошто му е битно „малото море“ на Трамп?

Мексиканскиот залив повеќе не постои… Новиот американски претседател Доналд Трамп потпиша наредба за промена на името на Мексиканскиот Залив, кој сега се нарекува Американски Залив. Тоа е една од стотиците укази кои претседателот ги потпиша откако беше инаугуриран за 47. шеф на САД.

Веднаш нагрнаа реакциите на социјални мрежи. Луѓето го коментираат изразот на лицето на поранешната прва дама Хилари Клинтон на инаугурацијата во Капитол кога Трамп најави дека ќе го преименува заливот.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Зошто му е значаен на Трамп Мексиканскиот Залив? Малото „море“ одделено од Атлантскиот Океан со полуостровот Флорида е еден од најважните региони за производство на нафта во светот и сочинува една шестина од вкупното производство на САД.

Вкупната површина на Мексиканскиот Залив е околу 1.600.000 км², а исто така е местото од каде што потекнува Голфската струја, а во овој залив се и топлите и силни морски струи на Атлантикот. Областа на Мексиканскиот Залив често е погодена од урагани.

Се смета дека заливот се формирал пред приближно 300 милиони години како резултат на тектониката на плочите.

Мексиканскиот Залив граничи се протега помеѓу бреговите на Мексико, САД и Куба. Заливот е поврзан со Атлантскиот Океан преку теснецот Флорида меѓу САД и Куба, а преку каналот Јукатан е поврзан и со Карипското Море.

Трамп го врати и старото име на планината Денали во Монт Мекинли. Планината, која е највисока во Северна Америка ја преименувал претседателот Барак Обама во 2015 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation