Background

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема!

Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема!
🌾 Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци.
Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп.
Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години.
❌ Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра.
Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат.
🚬 Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари.
🌶️ За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм.
🍇 Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство.
🥛 Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива.
Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт.
Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци.
📈 Истовремено, трошоците секојдневно растат.
⛽ Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство.
Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година.
📉 Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти.
Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа.
Вака навистина никогаш не било.
💧 Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата-центри.
Тоа е резултатот од политиките на арамијата Мицкоски: уништено домашно производство, осиромашени земјоделци.

Види помалку

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation