Background

Животот во Тајван запре поради супертајфун

Животот речиси низ цел Тајван запре во петокот, во пресрет на доаѓањето на тајфунот „Чампи“. Иако бурата слабее додека се приближува кон островот, се очекува сепак да донесе ветрови со ураганска јачина и обилни дождови.

Во еден момент, „Чампи“ беше супертајфун – една од најмоќните бури во Тихиот Океан оваа година. Според Централната метеоролошка управа на Тајван (CWA), брзината на ветерот во центарот на бурата достигнувала до 191 километар на час.

CWA предвидува дека бурата ќе помине непосредно покрај североисточниот брег на островската држава, пред да сврти кон север, кон кинескиот брег, а потоа и кон јужен Јапан. Ројтерс пренесува дека во Тајван, како последица на невремето, едно лице веќе го загубило животот, а 94 други се повредени. Владата евакуираше речиси 1.300 луѓе од планинските предели.

- Advertisement -
Ad image

За крајбрежните градови се издадени предупредувања за удари на ветерот што надминуваат 150 км/ч. Жителите се повикани веднаш да побараат засолниште.

Тајванските метеоролози наведуваат дека бурата има радиус од приближно 320 км – доволно голем за да го покрие поголемиот дел од островот. Властите предупредија дека невремето би можело да влијае врз Тајван во текот на два дена.

Министерството за транспорт соопшти дека сите 262 домашни и 717 меѓународни летови, планирани за петок, се откажани.

Тајван е генерално многу добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви обично останува мал, забележува Ројтерс. Иако се почести во текот на летото, бурите можат да ја погодат оваа земја и во есенскиот период.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖