На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на улицата „Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.09.2026 во 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Мешеишта, општина Дебарца, патничко возило „линк ко“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Б.(45) од Република Хрватска, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 08.09.2026 во 15:40 часот на улицата „Илинденска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Х.Р.(18) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со охридски регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека немал возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, против Х.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 во ОВР Струга, тој пријавил кривично дело „грабнување“ кое наводно му било извршено во Струга од повеќе лица и со закана со огнено оружје. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавениот лажно го пријавил кривичното дело, по што бил повикан на службен разговор и признал дека лажно пријавил кривично дело.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
