Петнаесетгодишниот битолчанец Михаил спасил од давење трочлено семејство од Бугарија на плажа во Олимпијада, Грција.
За неговиот херојски подвиг прво објави мајка му, Јасна Николовска.
„Денес на плажата морето збесна со огромни бранови. Едно семејство од Бугарија беше однесено од брановите. Жената панично почна да бара помош.Од цела плажа, скокна син ми Михаил, ја извлече прво жената, па детето и на крај таткото. Цел народ од плажата му аплаудираше и еве сега го седнаа во кафеана да јаде, да пие, да ужива“, напиша таа во нејзината Фејсбук објава.
Мајката откри дека младиот Михаил добил и подарок од семејството – маска за нуркање.
Приказната беше споделена и на профилот Put do Grčke:
„Голем херојски подвиг на Македонец во Грција!
Вистинска драма се одиграла на плажа во Олимпијада, кога разбрануваното море одвлекло тричлено семејство од Бугарија.
Кога ги слушнал извиците за помош, Михаил Николовски од Битола реагирал без двоумење, влегол во морето и помогнал членовите на семејството безбедно да бидат извлечени на брегот.
По спасувањето, луѓето на плажата го поздравија неговиот храбар потег со голем аплауз.
Приказна која нè потсетува дека во тешките моменти не е важно кој од каде е, туку кој е спремен да помогне“.
Tagged as:
грција Петнаесетгодишниот битолчанец Михаил спасил од давење трочлено семејство од Бугарија на плажа во Олимпијада
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
