Background

Зеленски ужива поддршка од 57 отсто од граѓаните

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ужива поддршка од 57 отсто од граѓаните, покажа денеска објавена анкета, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рејтингот на Зеленски е само 4 проценти.

Телефонската анкета на Киевскиот меѓународен институт за социологија, спроведена врз 1.000 испитаници, покажа дека 57 отсто од нив му веруваат на Зеленски, додека 37 отсто изјавиле дека немаат доверба во него. Останатите биле неодлучни.

Анкетата, исто така, покажа дека довербата во Зеленски е зголемена за 5 отсто во однос на истражувањето од декември и покрај воените неуспеси на Украина.

- Advertisement -
Ad image

По руската инвазија во март 2022 година, рејтингот на украинскиот претседател се искачи на 90 проценти, наведуваат од институтот. Според авторите на истражувањето, Зеленски успеал да „задржи релативно високо ниво на доверба“ меѓу граѓаните.

Поддршката за Зеленски е нешто пониска во јужните иво  источните региони на Украина, каде што 55 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во него.

Според украинскиот закон, претседателски избори не можат да се одржат за време на воена состојба, која е во сила од 24 февруари 2022 година.

Во нормални околности, мандатот на Зеленски требаше да заврши во мај минатата година.

Според авторите на анкетата, „поголемиот дел од украинското население и натаму смета дека изборите треба да се одржат по завршувањето на војната“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation