Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час.

Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 12 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со 33 степени Целзиусови.
Во Скопје слилно време со максимална температура до 26 степени.
Во следните денови дневната температура ќе биде во опаѓање.
Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и во четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
