Зеленски раскажа за расправијата што ја имал на почетокот од војната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се извинил веднаш по почетокот на војната, бидејќи Русија ја нападнала Украина преку белоруска територија, пренесува „Укринформ“.

– Разговарав со Лукашенко на телефон во првите денови од војната и тој се извини. Ми рече: ‘Не бев јас, Путин испалуваше ракети од мојата територија.’ Ова се негови зборови, а имам и сведоци. Тој кажа: ‘Извини’ – објасни Зеленски во интервју за американскиот подкастер Лекс Фридман.

Како одговор, Зеленски го обвинил Лукашенко дека е ист како рускиот лидер Владимир Путин.

– Му реков: ‘Ти си ист убиец.’ А тој ми одговори: ‘Разбери, не можеш да се бориш против Русите.

Како компензација, Лукашенко предложил Украина да ја нападне рафинеријата за нафта во белорускиот град Мозир, на што Зеленски му одговорил:

– Што зборуваш?

До овој момент нема реакција од белорускиот лидер.

Минатиот месец Лукашенко потпиша договор со Путин во Минск, со кој Русија гарантира безбедност за Белорусија. Лукашенко побарал од Русија да распореди нови оружени системи, вклучувајќи хиперсонични ракети „Орешник“, пренесува „Укринформ“.

Share This Article