Background

Зеленски бара гаранции, Путин ги убедува Американците дека победува

Мировниот договор не смее да ја остави Украина без силна армија и без цврсти безбедносни гаранции.

Ваков услов постави украинскиот претседател Володимир Зеленски на панел по разговорите со американските пратеници во Киев.

За најтешкото прашање, територијата, Зеленски не покажа подготвеност за отстапки. Прашањето пред публиката го опиша со еден збор, „тешко“. Украинскиот лидер вели дека за територијата може да се разговара само на лидерско ниво.

- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател истовремено не ја исклучи можноста војната да продолжи и во текот на зимата.

– Многу се надеваме дека ќе можеме да постигнеме договори со нашите американски партнери. Сметаме и на поддршката од европските партнери ако војната продолжи во зима, а во моментов изгледа дека ќе биде така – рече Зеленски.

Кај Путин пратениците слушнале поинаква приказна

Американските пратеници на Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, претходно во Москва слушнале друга оценка за состојбата на фронтот.

Путин им рекол дека руските сили постигнуваат „опиплив напредок“. Москва повторно побара да се решат таканаречените „коренски причини“ за војната. Зад оваа формулација стојат долгогодишните барања на Русија за територијата, откажувањето од НАТО и за вооружувањето на Украина.

Од друга стнраа, на преговорите во Киев кои уследија потоа, украинската страна тврдеше дека во август освоила повеќе територија отколку што загубила.

 

 

Виткоф бара компромис од двете страни

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф оцени дека разговорите во Киев биле охрабрувачки.

– Двете страни ќе мора да направат компромис и да ги надминат своите разлики. Ние веруваме дека имаме што е потребно за да го постигнеме тоа. Многу е тешко, но решени сме. Ова е важно за нас и се надеваме дека сето ова ќе доведе до дипломатско решение – изјави Виткоф.

Посетата на Виткоф и на Кушнер во Киев е прва по 2022 година. По неколкучасовните разговори со Зеленски, во разговорите се вклучиле и европските партнери, имено советници за национална безбедост од неколку земји. Меѓу нив бил и британскиот советник Џонатан Пауел.

Средба пред симболот на стариот Киев

Американските пратеници до Киев стигнаа со воз. Летот до украинската престолнина и натаму е премногу ризичен поради војната. Зеленски ги пречека Виткоф и Кушнер пред катедралата „Света Софија“, еден од најстарите симболи на Киев.

Само неколку десетици метри оттаму се наоѓа зградата на украинските безбедносни служби. Руски беспилотни летала ја погодија во петокот.

Од Киев повторно заминаа со специјален воз. Украинската железница го потврди нивното заминување, но не откри каде продолжија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation