Background

Екс-соработничка на Талат Џафери во правна битка за избеганиот брат

На денешното рочиште во случајот „АД Државна лотарија“ поранешниот вицепремиер Артан Груби рече дека не се чувствува виновен за тоа за што се товари во обвинението.

Еден од обвинетите, Башким Авдиу, побара обвинение на неговиот мајчин албански јазик, по што расправата беше прекината, а продолжението закажано за в петок.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејствија преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителот Коцев, објаснувајќи го обвинението, рече дека Груби се товари дека во својство на прв заменик претседател на владата претседавал со седницата на која била донесена одлуката за набавка на видео-лотариски игри на среќа, иако Лотарија тоа право го немала, односно тоа право веќе било дадено на „Видеолотарија Казинос Австрија“.

Со тоа, според обвинението, била нанесена штета од близу пет милиони евра бидејќи АД „Државна лотарија“ воопшто немала право да приредува ваков вид игри на среќа. Јавното обвинителство најави изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.

На прашање на судот да се произнесе за вина, обвинетиот Груби изјави кратко: „Не се чуствувам за виновен“. Тој претходно се изјасни дека е невработен, но оти има имот на свое име.

Покрај Груби и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, на кој му се суди во отсуство, во случајот се обвинети и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу. Тие се товарат за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување.

На денешното рочиште сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами кој не беше присутен за да се изјасни, и обвинетиот Башким Авдиу кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар. Тој побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

По ова барањето на обвинетиот Авдиу, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи судењето за в петок.

Артан Груби, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор.

На првообвинетиот во случајот „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство. Обвинителството побара, а судот прифати на поранешниот директор на Лотарија да му се суди во отсуство.

За него претходно е донесена одлука доколку биде лишен од слобода веднаш да биде спроведен во притвор. Адвокат на Бајрами е Еленко Миланов, а него го ангажирала неговата сестра Вјолца Османи, која беше вработена во Собранието.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation