Зеленски бара безбедносни гаранции од САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украина прави сè што е можно за да стави крај на војната оваа година изјави претседателот Володимир Зеленски на состанокот во воената база Рамштајн во Германија, пренесува Њуз Украина. Тој побара силни гаранции од САД пред договарањето на евентуален мир.

– Сакаме Америка да изврши притисок врз Русија и да им даде гаранции на Украина и на Европа за да нема повеќе војна за Украина и Европа – објасни изјави Зеленски во интервју за италијанската телевизија „Рaи њус 24“.

Тој рече дека безбедносните гаранции мора да бидат такви за да овозможат невраќање на Путин“, кој „сака да ја уништи Украина“.

Зеленски се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони и ја опиша средбата како одлична. Тој рече дека од ЕУ очекува важни чекори кои ќе дојдат од замрзнатите руски средства. Тој побара одмрзнување на овие средстава од земјите Г7.

Украинскиот лидер вели дека нема право да биде уморен пред неговиот народ и неговото семејство кои поминуваат низ војната. Тој вели дека на средбата со сојузниците во базата Рамштајн му била ветена дополнителна помош од две милијарди долари.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров неодамна изјави дека прекинот на огнот во Украина нема да ја задоволи Москва која бара сигурен и обврзувачки договор.

Share This Article