Американскиот претседател Доналд Трамп обвини некои медиуми дека се „закана за националната безбедност“, три дена откако на три американски медиуми им забрани пристап до Белата куќа, објавија француските медиуми.
Во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл, американскиот претседател рече дека се бори против „лажните вести“.
„Белата куќа не врши напад врз слободниот печат, нешто што го ценам. Таа врши напад врз ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, нешто што порасна како рак во нашите сакани Соединети Американски Држави. Тие се корумпирани, намерни, сеприсутни, целосно координирани и целосно надвор од контрола. Тие се закана за нашата национална безбедност и мора да се сопрат, ВЕДНАШ!“, додаде тој.
Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и Политико денеска во заедничка изјава соопштија дека планираат да поднесат тужба против американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата одлука да им забрани пристап до Белата куќа, објави ДПА.
Според нив, доколку одлуката на претседателот не се оспори, тоа би „ја загрозило слободата на печатот и правото на јавноста на независно новинарство ослободено од мешање на владата“.
Владата е известена дека тужбата ќе биде поднесена денеска. Целта е „да се заштити принципот дека владата не диктира што може да известува или објавува печатот“.
Трамп во петокот објави дека на трите медиумски организации им е забранет влез во Белата куќа со непосреден ефект, обвинувајќи ги за ширење лажни вести.
Критичарите го нарекоа потегот обид за заплашување и напад врз слободата на печатот. Не е јасно што точно ја поттикна одлуката на Трамп.
На новинарите од сите три медиумски куќи веќе во саботата им беше забранет влез во Белата куќа.
За време на неговиот втор мандат, Трамп сè повеќе зазема тврд став кон медиумите што не ги одобрува. Тој редовно ги навредува новинарите кога не му се допаѓаат прашањата што му ги поставуваат, додека отворено го фали медиумското известување што е во негова корист, забележува ДПА.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
