Возило од марката БМВ е запалено утринава околу 3:30 часот на улица „Абас Емин“, кај месноста Сурѓун во Охрид. Според очевидците, сторителот е снимен на надзорни камери како истура бензин врз возилото, го пали и потоа се оддалечува од местото на настанот.
На местото интервенираше Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Охрид, која го изгасна пожарот. Возилото е речиси целосно уништено, а материјалната штета е голема. Според информациите до кои дојде редакцијата, нема повредени лица.
Од надлежните институции за сега нема официјално соопштение за причините и за идентитетот на сторителот. Не е познато ниту дали полицијата презела истражни дејствија, ниту дали сторителот е лоциран.
Редакцијата ќе ја дополни веста по добивањето на официјални информации.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
