Обвинителката Искра Хаџи Василева од ОЈО ГОКК оцени дека денешното мислење на вештото лице презентирано од одбраната на разрешениот апелацискиот судија Ѓоко Ристов не содржи наоди што суштински ги доведуваат во прашање ДНК-експертизата и трагите од биолошко потекло, кои, според Обвинителството, се поврзани со обвинетиот.
Прашана како го оценува денешното вештачење на Атанас Козарев, предложено од страна на одбраната, оцени дека тоа не може да се нарече вештачење.
– Денеска во судницата имавме технички советник, но тоа што го има изготвено не може да се нарече вештачење. Самиот тој го нарекува наод и стручно мислење и заклучоци. И тоа е, на крајот на краиштата, и доследно. Зошто? Бидејќи тоа е осврт кон постапувањето на овластените службени лица на местото кога е вршен претресот. Тоа не е стручен наод со кој се дискредитира или е пандан на вештачењети на трагите од биолошко потекло, што е доказен материјал од страна на Обвинителството – одговори обвинителката.
Хаџи Василева рече дека профилот на овој технички советник не може да врши вештачење на ДНК-траги.
Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот Ристов рече дека не се почитувани стандардите за обезбедување на ДНК-трагите.
– Вептакот не го оспорува ДНК-вештачењето, кое е неоспорно, но го оспорува начинот на кој се обезбедени ДНК-трагите и дека постои реална можност од нивна контаминација. Значи, тој го оспорува материјалот што е вештачен, затоа што стандардите што требало да бидат применети не се почитувани – рече Давидовиќ.
Вештакот Атанас Козарев денеска рече дека при обезбедувањето на доказниот материјал не биле применети стандардните процедури и постоела реална можност за внесување или пренос на туѓа ДНК.
Разрешениот апелациски судија Ѓоко Ристов е обвинет дека како службено лице, спротивно на законската должност за пријавување имотна состојба или нејзина промена, давал лажни податоци за својот имот и за имотот на семејството и не пријавил имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи. Во куќата на неговите родители во Неготино при претрес беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
