Македонската фудбалска репрезентација ќе мора да го мине Кипар за да го зачува местото во Б-дивизијата на Лигата на нации. Ждрепката во Нион ѝ го додели токму овој противник на Македонија, која во баражот влезе како носител, па ќе ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен.
Првиот натпревар ќе се игра на Кипар, а одлуката за опстанокот ќе падне на реваншот во Македонија. Двомечот е предвиден за март 2027 година, во периодот од 25 до 30 март.
Македонија беше меѓу четирите носители во ждрепката, заедно со Израел, Романија и Грузија. Во вториот шешир беа Кипар, Естонија, Белорусија и Фарските Острови.
На Македонија ѝ одговараше да извлече противник од послаборангираната лига, но тоа не значи дека двомечот ќе биде лесен. Кипар во групната фаза од Лигата Ц заврши на второто место и сега ќе се обиде да избори пласман во повисокиот ранг.
За македонската репрезентација ова е важен двомеч, бидејќи победата ќе значи останување во Лигата Б и за следното издание на натпреварувањето. Во случај на пораз, Македонија ќе се пресели во Лигата Ц.
Со Кипар досега имаме играно само два натпревари и тоа во далечните 1994 и 1995 година во кои имаме победа со 3-0 и реми со 1-1.
Останатите двојки во баражот за Лигата Б:
– Кипар – Македонија
– Естонија – Романија
– Фарски Острови – Грузија
– Белорусија – Израел
Сите четири двомеча ќе се играат во март 2027 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
