Декларација за Војводина во Србија беше усвоена вечерва на повик на српскиот претседател Александар Вучиќ, на голем собир на Денот на српската државност што се одржа во Сремска Митровица.
– Имаме и свои пленуми, многу поголеми од сите нивни пленуми заедно – рече Вучиќ во своето обраќање пред илјадници луѓе.
Вучиќ претходно изјави дека по усвојувањето на Декларацијата ќе разговара за нејзиниот текст со неговиот коалициски партнер, Алијансата на војводинските Унгарци, а потоа ќе ја проследи на усвојување до Собранието на Србија.
Поголемиот дел од вечерашниот митинг го помина зборувајќи за борбата против обоената револуција, истакнувајќи дека додека е жив „нема да дозволи да ја уништат Србија“ и дека со сите сили ќе се бори за Србија, за Косово и за Војводина.
– Ќе се борам на начин каков што досега не сте виделе, на начин на кој нашите противници не можат ниту да сонуваат… Сега ние политички возвраќаме против оние слуги на оние кои сакаа да спроведат обоена револуција. Кажете им дека обоената револуција не успеа – рече српскот претседател Вучиќ.
Кога ќе сфатат за неколку недели дека им пропадна Шарената револуција, ќе ни требаат месеци, се плашам дури и една година, да ја закрепнеме земјата од штетите и катастрофата што ги предизвикаа и ќе успееме во тоа, рече Вучиќ.
– Јавете им дека револуцијата им пропадна, јавете им на УСАИД, тие уште не знаат, но ќе сфатат за неколку недели. На 15 март ќе формираме движење на Видовдан, мора да има простор за прекрасни млади луѓе, најдобри, најуспешни. Никогаш повеќе нема да ја урнете Србија. Војводина е Србија – рече Вучиќ.
Српскиот претседател посочи дека се потрошени 3 милијарди евра странски пари за негово уривање од власт, со цел да се постави марионетска власт и да се оствари сценарио за мала, немоќна и послушна Србија.
– Никој не плаќа толку пари, ако не постои важна политичка цел. Србија е слободна, независна и суверена држава, ќе воведуваме санкции на кого сакаме, кога ние сакаме. Нема да се караме со нашите традиционални пријатели, нема да воведуваме санкции кон Русија – рече тој.