Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември, изнесува 0,4%, додека на годишно ниво, во споредба со октомври минатата година, трошоците на животот бележат зголемување од 3,3%. Цените на мало во октомври 2026 година, во однос на септември, бележат раст од 0,2%, а на годишно ниво од 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во октомври, во однос на претходниот месец, најголемо зголемување на трошоците на животот е забележано во групата алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2,5%.
Зголемување од 1,2% е регистрирано во групите рекреација, спорт и култура, како и облека и обувки, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,7%.
Пораст на трошоците на животот е забележан и во групата домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,3%, како и во здравствената заштита за 0,1%.
Од друга страна, намалување на трошоците на животот во октомври, во споредба со септември, е забележано кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домаќинствата за 1,3%.
Намалување од 0,7% има и кај рестораните и услугите за сместување, за 0,5% кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги, а за 0,3% кај транспортот.
Трошоците на животот во групите услуги за образование, осигурување и финансиски услуги, како и информации и комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
