Поранешниот премиер на Унгарија тврди дека власта го користи неговиот помлад брат за да се пресмета со политичките противници. Реакцијата следува по информациите дека Арон Орбан е приведен во истрага за криумчарење луѓе.
– Јас сум целта, мојот брат е само алатка – порача поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан.
Орбан ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека ја користи истрагата за политичка пресметка и за одвлекување на вниманието од скандал во кој, според него, е вмешана власта.
„Денес, владата треба да одговара за скандалот со агентите пред Комитетот за национална безбедност. Пресметката е средство за одвлекување на вниманието. Во Унгарија нема одговорност, само пресметка“.
Тој ја спореди постапката на сегашната власт со методите на некогашната комунистичка тајна полиција.
„Кога нешто е срамно за владата, интервенира АВХ. Целта во оваа валкана игра е да се елиминира политичкиот противник и да се изгради еднопартиски систем“, обвини поранешниот премиер.
Неговата реакција следува откако актуелниот унгарски премиер Петер Маѓар објави дека, според медиумски информации, Арон Орбан бил приведен под сомнение за криумчарење луѓе.
Унгарската полиција потврди дека се спроведуваат апсења и претреси на повеќе локации во Будимпешта и во Пештанскиот округ, но првично не ги објави имињата на приведените.
Во акцијата учествуваат Националната истражна канцеларија и Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот, кои работат на две паралелни кривични постапки.
Според унгарските медиуми, припадници на Центарот за борба против тероризмот утрово пристигнале и на имот поврзан со компанија на Арон Орбан.
Претседателката на Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот, Ана Унгер, потврди дека се преземени нови истражни дејствија во предметот поврзан со братот на поранешниот премиер, но не потврди дали тој е приведен.
Извори блиски до деловното опкружување на Арон Орбан ја потврдиле полициската акција, но немале информации дали тој е меѓу уапсените.
Tagged as:
Орбан обвини за политичка пресметка по полициската акција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
