Background

Врховниот суд на Шпанија денеска го осуди поранешниот министер за транспорт Хосе Луис Абалос на 24 години затвор поради корупција, што претставува прва пресуда од серијата скандали кои ја засегаат владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија

Врховниот суд на Шпанија денеска го осуди поранешниот министер за транспорт Хосе Луис Абалос на 24 години затвор поради корупција, што претставува прва пресуда од серијата скандали кои ја засегаат владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија.

Абалос беше прогласен за виновен по обвиненијата за учество во криминална организација, примање поткуп, злоупотреба на средства и за трговија со влијание.

Обвиненијата се поврзани со местење јавни набавки за медицинска опрема, вклучително и заштитни маски за време на пандемијата на Ковид-19, кога тој ја извршуваше министерската функција.

- Advertisement -
Ad image

Неговиот соработник Колдо Гарсија е осуден на 19 години затвор.

Бизнисменот Виктор де Алдама, кој се смета за посредник во шемата, доби затворска казна од четири и пол години. Извршувањето на казната е условно одложено откако тој соработувал со истражителите и помогнал во разоткривањето на корупциската мрежа. Условите предвидуваат Алдама да не изврши ново кривично дело, двапати годишно да поднесува извештај за своите активности и една година да извршува општествено корисна работа.

Овој случај е дел од повеќето истраги за корупција поврзани со кругови блиски до шпанскиот премиер Педро Санчез.

Санчез, кој е еден од ретките преостанати левичарски лидери во Европа, дојде на власт пред осум години токму со ветувањето дека ќе ја исчисти политиката од корупција. Иако се соочува со критики и од дел од своите сојузници, Санчез не е опфатен со ниту еден од предметите и тврди дека истрагите се дел од кампања насочена кон негово политичко дискредитирање и отстранување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation