Background

РЕФОРМИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА СЕ ЗАСИЛУВААТ

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа.

Во рамки на панел-дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, министерот Минчев истакна дека во услови на сè покомплексни предизвици, способноста за координација меѓу институциите претставува еден од најважните предуслови за успешно спроведување на реформите и испорака на квалитетни услуги за граѓаните.

– Најголемиот ризик во услови на неизвесност не е недостатокот на идеи или стратегии, туку ситуацијата кога институциите не успеваат да се движат во иста насока. Координацијата, довербата и заедничката визија се темел на секоја успешна реформа – порача Минчев.

- Advertisement -
Ad image

Осврнувајќи се на реформите во јавната администрација, тој го посочи процесот на подготовка на новиот реформски пакет како пример за успешно управување со комплексни промени во услови на различни очекувања и предизвици.

Дополнително, потенцираше дека реформите во јавната администрација се директно поврзани со процесот на европска интеграција, професионализацијата на јавната служба и јакнењето на довербата на граѓаните во институциите.

Во своето обраќање, Минчев ја истакна и важноста на континуираниот професионален развој на административните службеници, нагласувајќи дека најважната инвестиција за секоја институција остануваат луѓето.

– Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати. Ако сакаме отпорни институции, мора постојано да инвестираме во знаењето, вештините и лидерските капацитети на јавните службеници – истакна министерот.

Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведувањето на реформите кои ќе придонесат за модерна, професионална, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на предизвиците на иднината.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation