Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека на македонскиот пазар не се продава храната за бебиња од брендот HiPP со вкус на морков и компир која како небезбедна се повлекува од австрискиот пазар.
-До овој момент АХВ нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP ( стаклено пакување од 190 грами со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.
Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира.
Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот не е пласиран на македонскиот пазар.
Неодамна на австрискиот пазар е откриена ваков вид на бебешка храна со присуство на отров за глувци, а компанијата тврдеше дека од нејзините погони не излегол таков производ и обвини за уцена.
Tagged as:
ВО ЗЕМЈАВА НЕ Е ПЛАСИРАНА СПОРНАТА БЕБЕШКА ХРАНА НА „HiPP“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
